Путин со ракетен систем „Бургазин“ ќе го збрише НАТО ракетниот штит

Објавено: вторник, 17 мај 2016 во 18:28
Spread the love

Рускиот претседател Владимир Путин има намера да со нуклеарни возови му одговори на НАТО со поставувањето на американскиот ракетен систем во Романија и Полска.

Тој ќе го употреби повторни системот „невидливи“ борбени железни композиции со атомско вооружување кои се користеле и во времето на СССР.

Но новата верзија на „Баргузин“ ќе биде многу помодерна, ќе носи интерконтинентални балистички проектили.

Незгоден за Американците

Рускиот борбен железнички ракетен комплекс „баргузин“ (BZhRK) изгледа како и секој друг теретен воз, но има стелт технологија, па е невозможно да го детектирате или пратите.

Во прашање се композиции кои кружат по железничките пруги во земја, а дневно може да поминат и по 1000 километри.

Секој воз е вооржуен со по шест интерконтинентални балистички ракети „RS-24jars“ кој носат нуклеарни боеви глави и можат да бидат лансирани за само неколку моменти.