ФОТО: Уапсен на гробишта – По 40 дена полицијата го уапси убиецот на пејачката Јелена

По 40 дена на помен на Јелена Марјановиќ полиција го упаси убиецот. На гробиштата каде одбележаа 40 дена од смртта на брутално убиената пејачка прво стигнал момче во бел дрес (Број 11).

Како што објавија медиумите, момчето пред поменот, додека чекал да пристигнат другите запалило свеќа за Јелена. Тој на гробот донел свеќа и Кока – кола.

Полицијата по поменот на убиената пејачка го привела момчето кое не давало  отпор.

ubiec

Едно време стоел до мајката на пејачката, но таа не обрнувала внимание на околината  и само гледала во гробот на Јелена.

На новинарско прашање за време на приведувањето момчето одговорило дека тој е пријател на Јелена.

Како што објавија медиумите ниту Зоран ниту пак никој друг не го познавале момчето, а сопругот на Јелена изјавил дека некој маж постојано и се јавува на мајката на Јелена и остава тажни пораки.

Вчера вечер околу полноќ, истото момче (според телефонот кој бил најден кај него) и се јавило на мајката на Јелена да и каже дека донел цигари и пепелник на нејзиниот гроб.

Се уште никој од семејството и пријателите не знаат кој е неговиот идентитет.