Дознајте што Фејсбук знае за вас

Популарната друштвена мрежа заработува погодувајќи што сакаат нејзините корисници. Вие во тоа можете да и помогнете, но и да и дадете погрешна претстава за вас.

Минатата недела имавте можност да дознаете што се Гугл знае за вас, а сега на ред дојде Фејсбук.

„Independent“ открива дека на страницата https://www.facebook.com/ads/preferences/edit/ можете да видите кои работи, по категории, според Фејсбук ве интересираат вас.

Доколку Фејсбук донел погрешна проценка или пак сакате намерно да мислат така, можете на истата страна да додадете или избришете нешто.

Фејсбук врз основа на внесените измени ќе ги промени рекламите кои ви ги прикажува.