ВИДЕО+18: Бомбаш-самоубиец се разнесува пред руски полицаец

Кога се најде пред полицаецот, бомбашот-самоубиец го активираше детонаторот сместен во неговиот десен џеб и се разнесе. Морничавиот напад на бомбашот-самоубиец бил фатен од безбедносните камери.

Терорстите во текот на вчерашниот ден извеле напад на контролен полициски пункт во Грозни, главниот град на руската Република Чеченија. Нападот бил планиран да го изведат двајца терористи, но вториот за среќа бил откриен и убиен пред да успее да се разнесе.

Како што пренесуваат руските медиуми, според последните информации во нападот биле ранети вкупно шест руски полицајци, а истиот прецизно бил испланиран да се случи токму на големиот руски државен празник, Денот на победата.

Двајцата напаѓачи биле вооружени со експлозив и бомби, а едниот од нив активирал експлозивна направа во обидот да влезе во главниот град на Чеченија, Грозни. Според информаците на чеченската полиција, напаѓачите имале намера да се упатат кон центарот на градот каде што голема толпа на народ го прославувала Денот на победата.

Засега не е познат идентитетот на напаѓачите, а само во последните неколку дена, руските безбедносни служби уапсија голем број на терористи за кои што тврдат дека се поврзани со терористички ќелии од Турција и Сирија.