Глобална криза на сон: Општеството не тера да го жртвуваме спиењето

Во светот владее „глобална криза на сон“ и наспроти биолошкиот часовник, предоцна се легнува во кревет и премалку се спие, утврдиле научниците анализирајќи ги добиените податоци.

Податоците се собрани со помош на апликација која во 2014 година ја осмислил тим на Универзитетот во Мичиген за да им помогне на луѓето да го совладаат џетлегот. Меѓутоа, корисниците можеле да избираат и можност да ги споделат податоците за своите навики на спиење.

Како што пренесува „Би-би-си“, утврдено е дека најмалку сон имаат мажите во средните години. Жените генерално спијат околу 30 минути повеќе од мажите, особено оние на возраст помеѓу 30 и 60 години.

Општеството денес не тера да останеме будни што е можно повеќе, мораме да станеме рано, а така се жртвува сонот.

– Нашите телесни часовници се програмирани  да правиме некои работи, ние тоа не го правиме бидејќи на нас влијаат социјалните елементи. Нема да ги знаеме долгорочните последици од тоа уште со години – изјавил Акхилеш Реди од Универзитетот во Кембриџ.

Холанѓаните спијат просечно од осум часа и 12 минути, речиси еден час повеќе отколку луѓето во Сингапур или Јапонија кои просечно спијат 7 часа и 24 минути.

Во Велика Британија просечно се спие под седум часа, како и во Франција. На времето на спиење најмногу влијае одењето во кревет, а утврдено е и значително влијание има тоа  кој период од ноќта сте го поминале во сон. Младите луѓе имаат различно време на одење на спиење и на будење, додека кај постарите  луѓе тоа време е приближно исто.

Истражувањето покажало дека кај работниците кои работат во смени, а особено оние кои работат во ноќни смени, се јавуваат бројни здравствени проблеми.