ВИДЕО: Грандиозна парада во Москва по повод Денот на победата

Русија го одбележува денот кога 1945 година Германија капитулираше, со што во Европа заврши Втората светска воја, со традиционална парада на Црвениот плоштад во Москва и во другите градови како и со обраќање на претседателот на државата Владимир Путин.

Парадата започна во 11 часот по московско време, односно 9 часот по наше. Најавено е учеството на 10.000 војници, 135 единици воена техника и 71 летало.На Црвениот плоштад ќе продефилираат тенковите T-90, оклопни транспортери BTR-82A, воените пешадиски машини BMP-3, самоходните хаубици “коалција SV” i “мста-S”, противавионските ракетни системи BUK-M2, противавионски и ракетно топовски системи “панцир S1” и ракетните системи “јарс”.Руската авијација зазема посебен дел од парадата па посетителите ќе може да ги видат акробатските настапи на Руските витези и Стрижи, кои се сметаат најдобри на светот, а својата надмоќ ќе ја покажат и јуришните авиони  Su-25, како и култните „мигови“.И оваа година на улиците на Москва ќе помине Бесмртниот полк – колона граѓани кои ги носат фотографиите на членовите на семејствата кои учествувале во војната.

Прославите на Денот на победата почнаа на риускиот Далечен исток. И во Јужно-сахалинск во еден наутро по московско време се одржа парада која е отворена со марш на Бесмртниот полк. На парадата учествуваа 4.000 луѓе, а меѓу нив имаше и 1.000 ученици.Во Живо парадата во Москва: