Братучетката на Рита Ора од Косово: Не ми дозволуваат да ѝ пријдам!

Славната пејачка Рита Ора, која во моментот се наоаѓа во центарот на вниманието на светските медиуми поради гласините дека Џеј Зи со неа ја изневерил Бијонсе, заборавила на роднините од кои не се одделувала во текот на своето растење во Приштина, Косово.

Родителите на Рита, со неа и со постарата ќерка Елена, од тогаш со војна зафатената Југославија отишле во Англија кога девојчињаата биле сосема мали. Во текот на посетата на родниот град не се одделувале од своите роднини, сестрите Доротеа и Донјета Сахачиу. И додека Рита заработува милиони благодарение на својата музичкаа кариера, покрај својата сестра Елена како бизнис партнер која ја следи на патувањата околу светот, Доротеа и Дoнjета сè уште живеаат на Косово, пишуваа „Дејли мејл“.

rita1

Доротеа сега има 23 години и е политички ангажирана. Таа е студентка по политички науки, и факултетот минатата година ѝ овозможил да отпатува во Лондон во посета на Оксфорд. Доротеа во тоа видела одлична прилика повторно да се сретне со братучетката Рита, па ја посетила на снимањето на музичкото шоу „Икс Фактор“, во кое Рита беше еден од членовите на жирито. Но, обезбедувањаето не ѝ дозволило на Доротеа да ѝ пријде на Рита Ора.

rita2

– Се исплашив бидеќи не ни дозволуваа ниту да се фотографираме. Се обидов да ѝ пријдам, но ми се заканија дека ќе ме исфрлат ако уште еднаш ме фатат – раскажуа Доротеа.

Семејството на Рита по доаѓањето во Лондон го променило презимето од Сахачиу во Ора, што на албански значи „време“, поради полесниот изговор.