Бора Чорба по трет пат се ожени

Објавено: понеделник, 9 мај 2016 во 11:36
Spread the love

Фронтменот на легендарниот бенд „Рибља чорба“ Бора Ѓорѓевиќ (63) пред четири дена во тајност се венчал со својата девојка Дубравка во општината, а потоа со пријателите отишол на ручек во еден ресторан.

Како што дознава српски „Блиц“, Бора Ѓорѓевиќ не сакал премногу да зборува за својата венчавка, па така одлучил во интимен чин пред матичарот и кумовите да го изговори судбоносното „да“ на својата значајно помлада девојка која е со потекло од Словенија.