Фото: Оваа дама ја поврзуваат со Путин, но која е навистина убавата Венди?

Објавено: четврток, 5 мај 2016 во 10:16
Spread the love

И таа се појави во Њујорк, фамозната Венди Денг (47), поранешната сопруга на медиумскиот могул Руперт Мардок и жена којашто медиумите ја поврзуваат со Владимир Путин. Таа се појави, и заблеска…

Венди понесе креација со потписот на британскиот дизајнер Кристофер Кејн. Нејзиниот фустан за оваа пригода е исклучително елегантен, но и исклучително оригинален.

vendi1

Жената којашто со месеци наназад ја следат гласини дека е во романтична врска со рускиот лидер не помина незабележано ниту на овогодинешната Мет Гала забава.

vendi2

Венди, којашто беше во брак со Мардок од 1999-та до 2013-та година, за јавноста беше апсолутно интересна и како партнерка на американскиот милијардер, но во центарот на светската јавност успеа да се најде токму поради гласините дека е блиска со Владимир Путин.

vendi3

Тие гласини ги потврди и “US Weekly” којшто тврди дека нивниот однос прераснал во нешто сериозно.

vendi4

Меѓутоа, потврди за оваа врска сè уште нема, но Венди, без разлика дали била покрај Путин или не, со рускиот претседател ја поврзуваат неколку нешта. И двајцата имаат брак зад себе, таа со Мардок, а тој со Људмила Путин.

Нивните поранешни сопружници оваа година запловија во нови брачни води, Руперт со Џери Хол, а поранешната госпоѓа Путин со Артур Очеретни.

vendi5

Денг и Путин ги поврзува и еден важен заеднички пријател, Роман Абрамович, на чијашто јахта Венди неодамна крстереше по Карибите.

Па, зарем е можно покрај сите овие детали Венди Денг да остане незабележана од јавноста? Дефинитивно не…

vendi6

vendi7