ФОТО: Нора има пет месеци и се бори за живот – нејзиното куче не ја пушта да замине

Објавено: среда, 4 мај 2016 во 15:31
Spread the love

Нора пред четири недели доживеа мозочен удари и од тогаш е во кома.

Нејзината мајка за „Мирор“ изјави дека нејзиното бебе нема да преживее. Родителите на Нора проживуваат вистински пекол, но пред нив е и тешка одлука – дали својата принцеза да ја исклучат од апаратите кои веќе некое време ја одржуваат во живот.

Но, Нора има свој ангел чувар, поточно куче кое не сака да ја напушти.

nora2

Како што пишува „Мирор“ болницата му дозволила на семејството кучето да престојува во болничката соба бидејќи е неверојатно поврзано со девојчето.

Според зборовите на нејзината мајка кучето е постојано тажно и под голем стрес бидејќи не знае дали неговата пријателка ќе преживее.

За да и се помогне на малата Нора, се вклучи целиот свет и досега се собрани повеќе од 15 илјади долари.