Директорот на Европол: Можен нов терористчки напад во Европа

Директорот на Европол, Роб Вејнрајт денеска предупреди дека во Европа најверојатно ќе се случи нов голем терористички напад.

– Заканата од терористички напад и понатаму е многу висока, најсериозна од 11 септември и стравува, дека во иднина можен е нов напад во Европа, изјави Вeјнрајт во обраќањето пред Комитетот за шенген во италијанскиот Парламент.

Тој додаде дека Европол нема „информации за конкретни закани за Италија“.