Видео од масовната тепачка во битолски „Расчекор’

По црковната богослужба за Велигден, во познатиот битолски ноќен-клуб „Расчекор’ се случи масовна тепачка, по што им беше одреден осумдневен притвор е определен за петмина битолчани на возраст од 21 до 36 години.

Околу 2 часот по полноќ, поголема група луѓе  во клубот фрлале  со шипки, шишиња и стаклени чаши, со што предизвикале страв  и  паника кај присутните, при што дошло до вистинско стампедо кога гостите го напуштале објектот.

И обезбедувањето во ноќниот клуб „Расчекор“ било нападнато со клоци, тупаници, шишиња, чаши, палки, при обид да ја спречи групата во дивеењето и демолирањето на ноќниот клуб.

Ситуацијата се смирила по доаѓањето на полицијата, која го испразнила објектот и ги привела насилниците.