Поскапуваат горивата

???????????????????????????????

Цената на бензините  од ноќеска на полноќ се зголемува за 0,5 денари, односно за денар, а на дизелот за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Половина денар поскапува „еуросупер БС 95“  и литар ќе чини 62,50 денари, а за денар се зголемува цената на „еуросупер БС 98“ кој ќе се продава за  64,50 денари за литар.

Новата цена на литар еуродизел и на екстра лесно масло за домаќинство е повисока за три денари и ќе изнесува 47 денари, односно 35,5 денари.

Зголемување од 1,604 денари за килограм, според одлуката на РКЕ, има кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС, кој ќе се продава за 18,535 денари.

Во просек, зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати, изнесува 5,27 проценти.

РКЕ ја донесе одлуката за промена на цената на горивата врз основа на просечната  цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели, како и  одност на курсот на денарот во однос на доларот.