Поучна приказна – Дали сме богати или сиромашни

Еден ден еден богат татко го зеде својот син за да ја поминат ноќта со многу сиромашно семејство, со цел да му покаже како живеат луѓето кои немаат многу пари за трошење.
На патот кон дома, таткото побара од неговиот син да му каже што мисли за искуството, а синот одговори: „Тоа беше многу убаво искуство, татко.“

Научив дека ние имаме едно куче, а тие имаат четири, ние имаме многу убав базен, но тие имаат река, имаме сончев кров, но тие имаат небо со ѕвезди и месечина, ние имаме голема тераса со прекрасна градина, но тие имаат шума.

Додека детето говореше, неговиот татко остана без здив слушајќи што неговиот син му зборува.
Тогаш детето додаде: „Ти благодарам што ми покажа колку сме сиромашни.“

Резиме:

•    Кога мериме она што го имаме, резултат е нашата визија на животот.
•    Ако имаме љубов, пријатели, здравје, смисол за хумор и позитивно размислување, имаме се во животот.
•    Замислете се за момент и просудете дали сте богати или сиромашни.