Има милиони, но нема среќа во љубовта

Парис Хилтон доживеа уште еден љубовен неуспех. Славната наследничка по само една година ја прекина љубовната врска со своето момче, милионерот Томас Грос.

Таа го запознала бизнисменот минатиот мај на Филмскиот фестивал во Кан, а дека била многу вљубена сведочи и тоа дека јавно го нарекувала „своја сродна душа“. Во едно интервју изјавила дека тој е поинаков од сите нејзини претходни момчиња.

– Кога имам малку слободно време најмногу сакам да му зготвам вечера и заедно да гледаме филмови. Томас е моја сродна душа. Никогаш не сум била посреќна. Во претходните врски чувствував дека момчињата имаат некои други намери, но со него знам дека тоа е вистинска љубов, изјавила неодамна Хилтон.

Пред да го запознае Томас, таа била во кратка врска со многу помладиот манекен Џош Апшо, а претходно две години се забавувала со манекенот Ривер Випери. Зад себе има бројни неуспешни врски со Бенџи Меден, Фред Дурст, Ник Картер…