Временска за продолжениот викенд

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, кој во западните делови повремено ќе се засилува. УВ индексот ќе биде 7. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.

Во петок и во сабота ќе има извесно зголемување на облачноста и локални  врнежи од дожд наместа и со појава на грмежи. Од недела, односно за велигденските и првомајските празници подрачјето на Македонија се очекува да биде под влијание на влажни и нестабилни воздушни маси од Медитеранот.

vreme1Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд наместа проследени со грмежи и со засилување на ветерот.

vreme

Локално се очекуваат обилни врнежи.