ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Хаос на автопатот Тетово – Скопје

Вистински хаос на автопатот Тетово – Скопје. Кучиња постојано претрчуваат по делницата на која автомобилите се движат со брзина од над 100 километри на час. Видеото објавено вчера на социјалните мрежи покажува како автомобил удира во куче. Претходно, мотоциклист удрил исто така во куче, а во моментот додека се снима видеото, трето куче претрчува по асфалтот.