Мобилните телефони опасни за детската глава

Поради потенцијалните долгорочни ризици кои со себе ги носи редовното користење на мобилниот телефон од страна на децата, родителите треба добро да размислат дали ќе ја задоволат желбата на детето за оваа скапа играчка пред тоа да наполни осум години.

Според препораките дадени од мноштво медицински научни истражувања, на родителите им се советува да не дозволуваат децата помали од осум години премногу често да го држат мобилниот телефон на увото близу до главата.

Главата апсорбира дури 80% од енергетските бранови што ги емитира мобилниот телефон. Детската глава има череп кој што е многу потенок за разлика од черепот кај возрасните личности, што директно значи дека ризикот зрачењето од мобилниот телефон да премине директно на мозокот е значително поголем.