Подгответе се за солзи: Детенце со аутизам за првпат ги гледа Колдплеј во живо (видео)

Луис е таткото кој го сподели ова видео од неговото синче со аутизам, снимено на 19-ти април за време на концертот во Мексико. Оттогаш до сега е прегледано речиси 2 милиони пати.

Во видеото момчето не може да ја сокрие возбудата, расплакувајќи се и прегрнувајќи го својот татко. Луис пак, со солзи во очите му го пее текстот на песната.

Дури и Колдплеј не останаа рамнодушни и на Твитер искоментираа:

„Заради ваквите работи вреди сè што вложуваме.“