Екстремно слаба: Што се случува со најубавата жена на светот?

Целото семејство Џоли-Пит е во посета на Лондон, а холивудската актерка Анџелина Џоли е фотографирана додека пристигнува на вечера со еден конзервативен политичар.

Четириесет годишната Анџелина Џоли носеше сива комбинација што е сосема примерно за еден бизнис состанок, но многумина се запрашаа што се случи со убавината на оваа актерка.Иако и ден денес го носи епитетот на најубавата жена на светот, Анџелина секогаш предизвикува полемики околу нејзината тежина.

dzoli2

За нејзината премала тежина е загрижен и нејзиниот татко, со кого таа не сака да разговара по тоа прашање. Многумина како причина за нејзината екстремно мала тежина ги наведуваат операциите кои неодамна ги имаше поради ризикот да заболи од рак.

dzoli

Доколку ја споредите со нејзините слики пред и после операциите, не само што ќе забележите драстична промена во тежината, туку таа повеќе не зрачи како некогаш со својата енергија и убавина.