„ЕУ и се продаде на Турција поради договорот за бегалците“

Европската унија и се продаде на Турција во обидите да ја реши бегалската криза, а последиците од тоа не е можно да се предвидат, предупреди денеска унгарскот премиер Виктор Орбан.

Тој во интервју за германскиот неделник „Виртшафтсвохе“ го крктикуваше договорот меѓу Брисел и Анкара, според кој мигрантите кои нема да побараат азил во Грција се враќаат во Турција, а ЕУ се обврза да и пружи шест милијарди евра помош на Турција, да ги забрза преговорите со таа земја и да ги укине визите за турските државјани.

– Се продадовме на Турција. Такво нешто никогаш нема да биде добро, рече Орбан, нагласувајќи дека безбедноста на ЕУ не смее да биде во рацете на силите надвор од ЕУ.

– Ние, членките на ЕУ веќе и плативме три милијарди евра на Турција, а наскоро ќе платиме уште три милијарди. Не е можно да се предвиди како сето ова ќе заврши, истакна унгарскиот премиер.

Орбан, кој самиот го поддржа договорот, изјави дека тоа го сторил само под услов да постои „систематска заштита на границите на ЕУ“.

– Брисел направи грешка поради тоа што се фокусираше на редистрибуцијата на бегалците, наместо на заштите на своите граници, заклучи унгарскиот премиер. /МИА