Оваа болест може да убие човек за само 24 часа и им се заканува на 450 милиони луѓе

Објавено: петок, 22 април 2016 во 15:56
Spread the love

Менингококен менингитис, болеста која “може да убие за 24 часа”, им се заканува на 450 милиони Африканци во 2016. година, предупредиле во четвртокот во Абиџан експертите од тој континент.

“Менингококениот менингитис е светски проблем, кој според проценките, секоја година погодува 1,2 милиони луѓе и предизвикува смрт кај 135.000”, рекле ларите од западна и средна Африка, кои се собрале под покровителство на фармацевтската компанија “Санофи”.

Дваесет и шест земји кои се “на африканскиот појас на менингитис кој се протега од Сенегал до Етиопија – каде живеат 450 милиони луѓе – можат тешко да настрадаат во периодична епидемија”, предупредиле на прес конференцијата, повикувајќи на делотворен одговор.

“Менингитисот е сè уште проблем мораме да реагираме за да спречиме трагедија”, рекол Елиа Гилбернар од “Санофи”.

“Ги повикавме земјите да создадат безбедни резерви на вакцина против менингитисот кој доаѓа, но често не нè слушаат. Се чека последен час, кога епидемијата веќе ќе избие”, се пожалил Гилбернар.

Професорот Мамадуо Кеита Маруф од Мали се заложил за “кампања за масовно вакцинирање поради превенција од болеста која практично покосила цела една генерација”.

Епидемијата на менингитис секоја година ја зафаќа африка помеѓу мај и декември. Сувиот период со силен ветер кој носи прашина и студени вечери, ги изложува жителите на дишни инфекции и го олеснува ширењето на бактерии.

Болеста предизвикува воспаление на мозокот, а ги погодува во главно децата.