Медицинско чудо: Се роди бебе два месеци по смртта на мајката

Во полскиот град Вроцлав на свет дојде момченце чија мајка практично починала 55 дена пред неговото раѓање.

Жената била болна од рак, а во 17-тата недела од бременоста и била утврдена мозочна смрт, пишува весникот „Нова трибуна ополска“. Бидејќи срцето на 41-годишната Полјачка продолжила да чука, лекарите одлучиле да се борат за животот на детето.

Докторите и ги оддржувале сите витални функции на организмот на мајката со помош на современи апарати и ја следеле состојбата на дететот кое продолжило да расте и да се развива.

– Користевме апарат за вештачко дишење, вештачки бубрези и силни кардиваскуларни лекови. Обично ги одржуваме виталните функации на организмот до два дена, но овде задачата беше тоа да се продолжи неколку недели, додека плодот не биде способен за самостоен живот – изјавил професорот Анджеј Кублер кој држи катедра за анестезиологија и интензивна терапија.

Докторите успешнно  извршиле царски рез 55 дена од мозочната смрт  на мајката и на светот дошло машко бебе, две недели пред терминот за породување. Момчето било тешко околу еден килограм, имало инфекција, срцеви пречки, нарушување на метаболизмот и проблеми со дишењето. Бебето речиси два месеци поминало на интензивна нега. Меѓутоа, момчето сега е целосно здраво и тежи околу три килограми. Обврската за подигнувањето на синот кој со чудо се појавило на овој свет, ја превзел таткото.