Четири најлоши отрови за нашето здравје

Брзата храна изгледа како супер начин да го задоволите гладот, но што се случува кога започнувате да ја консумирате премногу често? Еден ден без 8 часа сон и не изгледа така страшно, но цела недела? Модерните „отрови“ тивко го убиваат нашето тело, па кога ќе се свестиме за нив веќе имаме сериозно нарушена здравствена состојба.

Недостаток од сон

Сонот е неопходен за нашето тело од чиста причина што на организмот му треба одмор за да може непречено да ги извршува процесите на детоксификација. Ако имате проблем со спиењето обидете се да го стабилизирате својот ритам така што секој ден ќе легнувате во исто време. Недостатокот од сон ве прави помалку внимателни, лесно раздразливи, а воедно влијае и врз вашиот имунитет правејќи ве полесно подложни на болести и стрес.

Готова храна

Купувањето на веќе приготвена храна изгледа како супер идеја. Се враќате од работа, премногу сте уморни да готвите, а инстант решението ви е на дофат на раката. Сепак, во ваквите ситуации заборавате дека овој тип на храна содржи непотребни нутриенти и често е полна со нездрави масти, шеќери и најразлични токсини. Затоа не претерувајте!

„Неуредно“ минато

Ако долго време сте биле пушач, сте консумирале брза храна или пак сте му се предале на алкохолот тоа најверојатно оставило долгорочни последици врз вашето здравје. Дури и кога успеваме да се ослободиме од тие пороци, телото најчесто памти. Поради ова докторите препорачуваат барем еднаш во годината да направите детоксификација на телото во која ќе ги елиминирате наталожените токсини во телото.

Производи за чистење

Сакаме домот да ни биде чист и без бактерии, но забораваме на тоа дека секое средство за чистење е своевидна комбинација од хемикалии и иако добро ја исполнува својата цел, влијае негативно врз нашето здравје. За време на чистењето на домот заштитете ги рацете со гумени ракавици. Освен тоа проверете дали производот што го користите е опасен за дишните патишта. Ако е тогаш соодветно заштитете ги устата и носот.