Чајот од мајчина душица лек за повеќе женски болести

Мајчината душица една од најлековитите билки кое цвета кон крајот на мај, почетокот на јуни, а лековитите својства се наоѓаат во листот и во цветот.

Ова растение е надалеку познато како ефикасен лек за женските болести, го регулира менструалниот циклус, има антисептичко дејство против инфекции на матката, помага при болки и грчеви во матката, како и при менструални болки.
Чај од мајчина душица

Во зовриена вода додадете мајчина душица (1 лажица на 2 дл. вода), поклопете го садот и оставете го најмалку 1 час.
За да не ги изгуби лековитите својства, растението не смее да се вари, па се додава исклучиво во зовриена вода, а садот веднаш се трга од оган.
По желба се засладува со мед.