Фото: На свадбата невеста ја избричи главата за да го поддржи сопругот болен од рак

Во чест на нејзиниот смртно болен младоженец, една невеста решила да ја избричи својата глава и на својата свадба да биде без коса.

Крег и Џоан Лајнс се знаат цели 30 години, а она што до неодамна не го знаела Џоан е дека тој целиот свој живот бил заљубен во неа: „Се вљубив во неа веднаш штом ја видов. Тогаш имав 14 години“.

nevesta1

Пред 18 месеци решил да ѝ каже како се чувствува, а набрзо потоа двојката стапила во брак. Откако откриле дека ракот на панкреас на Крег напредува, решиле да забрзаат со венчавката и датумот го поместиле за порано.

nevesta2

Џоан решила да ја избричи целата нејзина коса откако стапнала на олтарот. „Тоа беше првпат да ја видам Џоан без коса и изгледаше прекрасно“ – објаснува Крег.

nevesta3

Нејзината коса ја донирала на „Little Princess Trust“ каде креираат перики за деца кои ја изгубиле косата поради рак.

nevesta4

nevesta5

nevesta6

nevesta7

nevesta8

nevesta9