Јелена е убиена седум минути по разговорот со мајка и!

Белградската полиција секојдневно го чешла насипот во борчанската населба Црвенка, по кој Јелена таа кобна сабота на 2 април го истрча последниот круг, а инспекторите во меѓувреме и временски го реконстурираат целиот настан и утврдиле дека свирепото убиство е направено најмногу седум минути по последниот разговор што го направила тоа попладне, а тоа бил разговорот со мајката Зорица.

Јелена ѝ рекла на мајка и дека ќе истрча уште еден круг и дека ќе дојде кај неа, а полицијата се обидува да утврди што точно од збор до збор и кажала на мајка и . Дали сѐ уште ќе трча, дали е сѐ уште на насипот… Полицијата верува дека од голема корист ќе биде точното пренесување на разговорот бидејќи ако на мајка ѝ тогаш ѝ споменала дека е на насипот, тоа значи дека убиецот ја усмртил седум минути после тоа, токму на тоа место.

majka-na-jelena