Исламска држава ќе напаѓа преку продавачи на плажа

Објавено: вторник, 19 април 2016 во 15:06
Spread the love

Германските безбедносни служби предупредуваат дека исламски терористи маскирани како продавачи на плажа летово може да извршат напади во неколку летувалишта во јужна Европа, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според анализите кои што ги пренесуваат германските медиуми терористите се подготвени да употребат оружје и експлозиви скриени меѓу креветите и чадорите на европските плажи. Еден висок претставник на германските служби за весникот „Билд“ вели дека нема заштита од ваквата опасност.

– Ова може да биде начин на кој што ИД спроведува нова димензија на тероризмот. Плажите не можат да бидат заштитени, сметаат германските служби.

На голем дел од плажите во Јужна Европа се активни продавачи на очила, музички дискови, накит и ситни потрепштини кои што би можеле да бидат искористени од Исламска држава. Најзагрозени според анализите се плажите во Франција, Италија и Шпанија. Лани припадници на ИД извршија два напади на плажа во Тунис во кои загинаа 37 Белгијци, Британци и Германци. Слични напади претходно без извршени во Египет, Брегот на слоновата коска и Буркина Фасо.