Еден од водечките светски експерти: Лекот за рак е во нас! Да го поттикнеме телото да го убие карциномот

Ракот е сигурно една од најопасните болести на денешницата, а иако за ова болест сè уште нема сигурен лек, научниците секој ден се сè поблиску до негово откривање.

Овој факт го потврдил и докторот Стивен Розенберг од Националниот Институт за заболувања од рак од Мериленд.

Овој угледен лекар нагласува дека се наоѓаме на чекор од пронаоѓање на вистинска и точна терапија за лечење од оваа тешка и опасна болест. Розенберг е еден од водечките лекари кои се занимаваат со имунотерапија со цел борба против ракот.

Тврди и дека место да бараме надворешни фактори со кои би требало да се бориме против оваа болест, мора и да се посветиме на телото, во кое покрај болеста, се наоѓа и лекот.

“Наместо да се потпираме само на хемотерапија, радијација и операции за отстранување на туморот, имунотерапијата го поттикнува телото само да се бори против опасните ќелии на ракот”, нагласил др. Розенберг.

Минале 40 години откако др. Розенберг го создал лекот Интерлеукин – 2, прв во светот со делотворна техника на имунотерапијата.

До денес имунотерапијата се проширила, а некогаш маргиналниот начин за лечење денес претставува основа за националната стратегија за борба против ракот, која вклучува повеќемилионски финансиски поддршки од универзитетите, но и масовни вложувања.

“Целиот овој напредок не значи дека имаме лек, но успеавме да докажеме дека имунотерапијата е оружје кое се покажало како најуспешно во борбата против ракот”, вели др. Розенберг и додава дека лечењето со имунотерапија засега се покажало како успешно кај лечењето на болести во крвта.

“Сè додека на заболените не им дадеме вистински лек кој ќе ги излечи од болеста, до тогаш имаме уште многу работа”, рекол Розенберг за Bloomberg.