Температурен шок ја очекува Македонија

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во југозападните делови повремено засилен ветер од југозападен правец, кој во текот на ноќта ќе го смени правецот во северен.

Температурата ќе се движи од 25 до 31степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец.

Температурата ќе достигне до 29 степени.

Во среда под влијание на северно воздушно струење ќе има значително опаѓање на дневната температура за 7 до 10 степени. Ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 км/час, особено вдолж Повардарието. Потоа до крајот на неделата ќе биде стабилно и суво со дневни температури во рамките на просекот за овој период од годината.