Капка од крвта на Јелена ќе открие кој е убиецот!

Капка од крвта на Јелена може да биде пресудна и да ја реши мистеријата, доколку најновите анализи, евентуално покажат дека сомнителна трага на облеката или обувките настанала токму во време на трагичниот настан, дознава Ало.

Полицијата засега нема опипливи докази врз основа на кои би можела да осомничи некој од членовите на семејството на покојната пејачка. Меѓутоа деталниот претрес на куќата на Марјановиќ, кој е извршен минатата недела, потврдува дека крунските докази се бараат токму во семејството на покојната пејачка.

Зорица Марјановиќ, свекрвата на Јелена, изјавила дека синот Зоран и сопругот Владимир не се дома, а на прашањето дали има нешто ново во истрагата, кратко додала дека не знаат ништо ново.

Во куќата на убиената пејачка вчера немало полиција. Дошла само мајката на Јелена, за да ја види внуката Јана, меѓутоа не била расположена за разговор.