Исламска држава нападна турски град

Четворица Сиријци, од кои три деца, загинаа, а шестмина се повредени кога четири гранати го погодија градот Килис, во југоисточна Турција, во близина на границата со Сирија, соопштија локалните власти, пренесува БТА.

Шест лица се повредени, од кои петмина Сиријци и еден Турчин се повредени во нападот.

Гранатите се истрелани од област во Сирија што е под контрола на Исламска држава. Турскиот град изминатите недели често е мета на гранатирање.

Во меѓувреме, дел од турските медиуми јавија дека турската армија отворила артилериски оган врз Сирија откако минофрлачка граната експлодира во близина на касарната во јужната провинција Хатах.