Борба со булдожери (ВИДЕО)

Полицијата од северна Кина соопшти денеска дека караница меѓу градежни работници ескалирала во организирање на борба со градежни машини, по која најмалку два булдожери завршиле превртени на улица.

На видеото се гледа како неколку булдожери се залетуваат еден кон друг и се удираат, додека патничките автомобили брзо се тргаат од местото на инцидентот, обвиен со облак од прашина, јавува Танјуг.

На видеото, исто така, се гледа како еден возач на превртен булдожер излегува од кабината неповреден.

Портпаролот на локалните власти во провинцијата Хебеи, Сју Фенг, изјави дека се работи за караница меѓу работници на две градежни компании кои се натпреварувале за добивање на одредена зделка, но не можеше да наведе повеќе детали за апсењето на учесниците ниту за повредените, бидејќи истрагата се уште трае.

Кинескиот градежен сектор е во криза, а годишниот раст кој пред една година беше на својот врв во меѓувреме е паднат за дури две третини.