Снаата ја отвори душата – на Брена и Филип не им пречи што сум Ромка

Откако дедото на Александра Пријовиќ во јавноста изнесе шокантни детали од нејзиниот живот, се огласи пејачката, која вели дека поради неговите приказни минува низ пекол.

Снаата на Брена вели дека не очекувала нејзиниот дедо да зборува со медиумите, бидејќи последните години е психијатриски случај и често не знае што зборува.

-Мојот дедо зборува неповрзани работи. Денеса ќе каже нешто, а утре не знае што рекол. Човекот има повеќе од 70 години, едната нога му е отсечена, другата му ја фаќа гангрена. Иако му ја отсекоа ногата се уште пие.- вели Александра.

-Дедо имаше мозочен удар и се што зборува е последица од тоа. Мојата мајка живее со него во Бел Манастир, не е вистина дека е во Виена, ниту пак е вистина дека Брена била во нашата куќа- додава девојката на Филип Живоиновиќ, за кого вели дека знае се за неа, па и дека по дедо е Ромка.

Дедо ми е Ром, а баба не. Филип и Брена тоа го знаат и не им пречи. Горда сум на своето потекло. Мислам дека не би пеела вака да немам таква крв.