Руската берза нуди „работа на векот“

Објавено: недела, 17 април 2016 во 12:42
Spread the love

И покрај кризата предизвикана од санкциите и ниските цени на нафтата, руската берза сега нуди „работа на векот“, изјави извршниот директор на инвестицискиот фонд Templeton Emerging Markets, Марк Мобиус.

„Русија е многу евтина“, истакнува Мобиус. Проблемот се санкциите. Многумина од нас не можат да инвестираат поради санкциите. Откако санкциите ќе бидат укинати, пазарот многу брзо ќе напредува“, потенцира тој.

Претходно оваа недела, банката „Кредит Свис“ ја зголеми економската прогноза за Русија и им препорачува на клиентите да почнат да купуваат руски акции.

„Потценети акции се како пари в џеб“, истакна Ана Вананен, менаџер во швајцарската банка.