Кои се симптомите за зголемена простата и какви се методите на лекување?

До бенигно зголемување на простата најчесто доаѓа поради хормонски промени кои настапуваат поради стареењето. Речиси 50% од мажите постари од 50 години имаат зголемена простата. Од овој број 30% имаат проблеми со мокрење.

Зголемувањето на простата има два вида симптоми: Иритативни и опструктивни. Под иритативни спаѓаат зачестено мокрење преку ноќ и ден, испуштање на урината и итност за одење во тоалет.
Опструктивни симптоми се:

-Послаб млаз
-Чекање на почеток при мокрење
-Прекинување на млаз
-Чувство на непотполно празнење
-Капење по мокрењето

– Првите знаци се јавуваат во раните 40 години. По 60-тата година, речиси секој втор маж има тегоби предизвикани од зголемена простата. Со стареењето, симптомите сè повеќе се изразени. Ако пациентот ги има опишаните симптоми, јасно е дека болеста е присутна и дека треба да се лекува, смета урологот д-р Невен Капун.

Токму поради иритативните симптоми мажите најчесто го посетуваат урологот. Многумина стравуваат од рак на простатата и целосно застанување на урината, но ретко кога напреднуваат симптомите толку брзо да дојде до целосен застој или камен во мочниот меур. Кај хроничниот застој, во урината исто така се појавува и крварење, како и можност за бубрежно откажување.
При прегледот се прави палпација на простатата, преглед на урината, а по потреба и ултразвук на мочниот меур пред и по мокрење. Исто така се прави и крвна слика.
За да ја излекувате простатата мора да смените неколку животни навики меѓу кои и исхраната. Треба да избегнувате зачинета храна, газирани пијалаци, алкохол, кафе и седење на ладно. Додека пак кај помладите пациенти, кои се соочуваат со овој проблем, лечењето започнува на природен начин преку билни чаеви од коприва.