Банкар ја напуштил работата за да се занимава со органско производство

Објавено: недела, 17 април 2016 во 15:42
Spread the love

Триесетгодишниот Дејан Вујовиќ од Клек, ја напуштил работата во банка по 10 години за да се занимава со органско производство.

Работел на различни позиции од шалтерски службеник па се до раководни позиции во банката, но потоа решил оваа работа да ја замени со пластеници и органско производство. Вели дека во банка секогаш имал нови обврски, а платата останувала иста или се намалувала.

За органското производство на зеленчук вели дека е здраво, одржливо и нешто што обезбедува достоинствен живот за неговото семејство. Дејан објаснува дека со органското производство има повеќе слободно време, време за себе во кое нема да добива телефонски повици поврзани со работата.

„Најважно е што оваа работа не интегрира работно, културолошки, територијално и генерациски. Ни дава можност да создадеме врвен производ, и да го понудиме на пазарот по поволни услови“ = вели Вујовиќ.

Тој органски произведува лук, морков, боранија, цвекло, ротквици и други видови зеленчук на 500 квадрати покриена површина и 300 квадрати отворен простор зад куќата.