Албанска национална армија вооружена до заби повикува на војна

Припадници на таканаречената Албанска национална армија вооружени до заби кои повикуваат на мобилизација на своите членови на борба за, како што кажал еден од „командантите“ на оваа терористичка формација, „заштита на националните интереси“, ги загрижува Србите на Косово. Реагирајќи на собирот на воорежни Албанци, Марко Ѓуриќ, директор на српската Канцеларија за КиМ, во изјава за Вечерње новости кажа дека КФОР и меѓународната заедница мора да дадат гаранции дека такви појави нема да има.

„Ќе разговараме со претставниците на меѓународната заедница, пред сѐ со претставниците на КФОР, бидејќи појавата на вакви оружени формации е недозволива“, кажа Ѓуриќ.

По неколку месеци кога, според тврдењата на медиумите на албански јазик, се појавувале на делови од патиштата Приштина-Подујево и Приштина-Косовска Митровица, вооружени членови на таканаречената АНА се собрале пред неколку дена во реонот на Митровица, при што анонимен „командант“ на оваа нелегална организација ги обвинил „српските паралелни структури“ во Митровица дека ги мачат Албанците и не им дозволуваат да се вратат во своите домови.

Сбрите се особено вознемирени од изјавата на еден од „лидерите“ кој кажа дека припадниците на АНА се организирани и добро обучени и дека „можат брзо да се мобилизраат“.

И додека претставниците на оваа терористичка група истакнуваат дека имаат поддршка од НАТО, претставниците на Србите од Косово истакнуваат дека е недозволиво вооружени формации на Албанци да дејствуваат на КиМ.

Тие истакнуваат дека смотрата на вооружени Албанци е доказ дека на Косово и понатаму има големи количества нелегално оружје и дека повикот на припадниците на оваа терористичка организација на мобилизација може да предизвика нестабилност и ескалација на насилствата.