Телохранителот на Бали-Бег тешко ранет – Инцидент на настапот на српски пејач

Емир Хаџимујовиќ, телохранителот на Бали Бег, е тешко ранет во инцидент во ресторан. Познатиот 25-годишен кик-боксер и ММА борец од Нови Пазар, викан Лав, е ранет во пукање во новоотворен ресторан, каде негов сограѓанин испукал неколку куршуми.

Тој пред неколку дена го обезбедуваше познатиот турски актер Бали-Бег кој беше во Србија.

За време на инцидентот тој бил погоден додека го обезбедувал српскиот пејач Шако Полумента кој пеел во ресторанот.

Лекарите велат дека се наоѓа во животна опасност.