ФОТО: Новиот автомобил на Лепа Брена вреден 150 илјади евра

И тоа не било каков – како што доликува на ѕвезда со вакво реноме, нејзиниот избор падна на Maybach S500 вреден 150.000 евра. И повторно како што доликува на личност која живее на овие простори, тој е пазарен на рати…

mercedes

Луксузниот автомобил нејзе и ги продаде колешката Драгана Мирковиќ која со својот сопруг Тони Бијелиќ во Австрија имаат бизнис за продажба и лизинг на луксузни автомобили.

Во нивна сопственост се и телевизискиот канал DM Sat и истоимената дискографска куќа, но и замокот Ебенфурт во близината на Санкт Пелтен во Долна Австрија.

За Брена се сеќаваме дека нејзиниот сопруг Боба Живоиновиќ пред доста време беше импортер на возилата на Mercedes, па така воопшто не чуди што естрадната ѕвезда се враќа на некогашната автомобилска љубов.