ВИДЕО: Грчки авиони над Македонија?

Дел од жителите во гевгелиско ги снимија грчките авиони и ги објавија снимките на социјалните мрежи. Авионите летаа ниско над куќите, а жителите беа видно вознемирени од тоа што го гледаат.

Сепак, иако има видеоснимки како докази, од Македонски навигации информираат дека досега не регистрирале навлегување на авионите на наша територија.

Неколку грчки авиони и 4 хеликоптери, изутрината во 10.30 часот во три наврати надлетувале над границата, над импровизираниот камп.

Според грчки извори, станува збор за воената вежба „Бура“, на грчката армија, за да се изврши притисок врз бегалците за нивно прераспределување во подготвените кампови во Грција.