Премиер понуден на „продажба“

Анонимен корисник на Ибеј го стави пакистанскиот премиер Наваз Шариф на продажба, изразувајќи незадоволство од него по објавувањето на „Панамските документи“, а понудите веќе пораснале на над 90.000 долари.

„Бескорисниот пакистански премиер Наваз Шариф на продажба“, наведе корисникот на популарниот сајт за трговија преку интернет, опишувајќи го Шариф како „нов, но со дефекти“.

– Не е во работна состојба. Никогаш не работел. Има недостатоци и не функционира од раѓање. Таква е целата серија на овие производи. И неговото семејство е со генетски недостатоци и корумпирано. Земете го и ослободетене од оваа болест, стои во описот на огласот.

Во огласот, кој експресно се рашири на интернет, покрај Шариф како „подарок“ се нуди и неговиот брат Шабаз, кој е гувернер на провинцијата Пенџаб.

Во објавените „Панамските документи“, многу членови на семејството на Шараф се поврзуваат со оф-шор компании, што предизвика незадовоство кај Пакистанците.

По избивањето на скандалот, пакистанскиот премиер најави формирање на комисија која ќе ги истражи наводите од документите на адвокатската фирма „Мосак Фонсека“ од Панама, преку која некои од најмноќните луѓе во светот го криле своето богатство во оф-шор компании.

Во „Панамските документи“ се споменати трите деца на Шараф, а податоците укажуваат дека неговото семејство има недвижности во Лондон на име на една оф-шор компанија регистрирана преку „Мосак Фонсека“.