Индустрија вредна 16 милијарди евра: 900 полицајци растуриле бордел во Берлин

Мета бил “Артемис”, еден од најголемите мегабордели во Германија, а акцијата била изведена по неколкумесечна истрага.

Менаџерите на овој “велнес бордел”, како што го рекламираат, се обвинети дека затаиле околу 17,5 милиони евра, така што од 2006. година на вработените не им плаќале социјални давачки.

Обвинителството тврди дека персоналот во “Артемис” морал да се декларира како самовработен, за борделот да не плаќа. Меѓутоа, шест од уапсените се товарат и за шверц на луѓе.

Полициската акција била спроведена во соработка со полицијата, царината и даночните инспектори.

Германија во 2002. година ја легализирала проституцијата, па најстариот занает во светот станал индустрија која вработува околу 400.000 секс-работници и во која годишно се вртат околу 16 милијарди евра.