За ова се молчело долги години: Белата куќа ќе го објави последниот извештај за нападот на Кулите близначки

Белата куќа одлучила да објави извештаи за нападот на Ал Каеда на 11. септември во 2001. година. Тогаш во страшниот терористички напад загинале речиси 3.000 луѓе, а светот сè уште памети некои од најдраматичните сцени.

По нападите била спроведена независна истрага, сослушани биле неколку стотини сведоци, а извештајот е напишан на 800 страни.

Последното поглавје од извештајот никогаш не било објавено поради државна безбедност, останало сокриено 13 години, но изгледа дека нема уште долго, пишуваIndependent.

Некои од сенаторите, како Кирстен Хилбранд од Њујорк и Боб Греам, сметаат дека семејствата на загинатите ја заслужуваат целата вистина пред Обама службено да отпатува на Блискиот исток на 21. април. Американскиот претседател ќе се состане и со државниот врв на Саудиска Арабија.

Греам, кој учествувал во истрагата, рекол дека во заклучното поглавје стои дека киднаперите на авионите, со кои биле извршени напади на САД, имале мрежа од луѓе кои им помагале, а истата била поврзана со Саудиска Арабија, односно ја сочинувале богати државјани од таа земја.

Новинарот на CBS за време на емисијата “60 минути” прашал дали во таа мрежа биле вклучени и владини службеници, моќни луѓе и невладини организации, а Греам одговорил – Сите!

Сепак, има и многу скептици, кои се сомневаат дека во последното поглавје се крие врската помеѓу Саудиска Арабија со терористите кои ги нападнале САД, бидејќи во дел од извештајот кој бил објавен во 2013. година е напишано дека не е пронајден никаков доказ дека саудиската влада или бил кој друг нејзин сојузник ги финансирал терористите кои го извршиле нападот.

Американската влада тогаш одлучила дека нема да ја тужи Саудиска Арабија.

Портер Грос, поранешен републикански конгресмен од Флорида, тврди дека тоа е поради врската на администрацијата на Буш со Саудиска Арабија, и дека последниот дел од истрагата дефинитивно треба да биде објавен.

Наводно и Саудиска Арабија го притиска Обама да го објави документот пред да отпатува на Блискиот исток, за да може да се решат спорните прашања, доколку има такви по објавата на документот.