Нешто се спрема – Косовската армија е повторно активна (ВИДЕО)

Новинарот на порталот Вериу.инфо бил гостин на смотрата на „21 бригада“ оваа паравоена структура, која официјално е означена како терористичка организација.

Како што пренесува Коссев главниот командант на АНА во писмо до јавноста ги повикал своите „борци“ да се подготват за „понатамошна работа на заштита на националните интереси“, затоа што „паралелните структури во Северна Митровица ги мачат автохтоните Албанци“, додека нивните некогашни „соборци во борбата за мир“ се на власт и „алчно ги полнат своите џебови“.

Во текстот не се открива името на командантот.

АНА ја има во повеќе делови од Косово, но и во АЛбанија, Македонија, Прешевската долина во Србија, и таа е организирана, добро истренирана и може брзо да се мобилизира, тврди еден од лидерите на оваа формација за косовскиот портал.

Од АНА тврдат дека имаат единици, баталјони, бригади, специјални единици и дека се добро обучени и дека ја имаат поддршката од населението.

„Имаме поддршка од голем дел од луѓето и имаме структури во сите делови на Косово и секогаш добиваме поддршка“, изјавил припадник на АНА.

АНА смета дека НАТО им е пријател, како што им е пријател и на косовските институции, но дека доколку биде потребно, тврди „командантот“, „армијата“ ќе биде за многу кратко време мобилизирана.