ИСИС ја уништиле Библиската „Божја врата”

Џихадистите на Исламската држава на териториите кои ги контролираат во Сирија и Ирак уништија голем број на културни наледства, нивната последна „жртва“ е 2 илјади години старата „Божја врата“ во Ирак која го чувала влезот во древниот град Нинива.

irak-unistuvanje-kulturocid-tocka-2016-02

Терористите на Исламската држава го уништиле 2 илјади години стариот споменик во северниот ирачки град Мосул – структура позната по називот Божја врата која „го чувала“ влезот во древниот асирски град Нинива.

Уништувањето на Божјата врата и официјално е потврдено од Британскиот институт за студија на Ирак. Од властите во Багдад засега се уште нема потврда, но ваквата информација не е ниту демантирана од ирачките власти.

Најверојатно Ирачаните поради немањето пристап на терен се уште не се сигурни во тоа, но сепак и извори од Мосул исто така потврдуваат дека џихадистите го уништиле древниот споменик.

Градот Нинива се споменува во Библијата и датира од 7-ми век пред нашата ера и некогаш бил најголемиот град на светот.

Уништувањето на „Божјата врата“ е последниот во низа на културоциди на најозлогласената терористичка организација на сите времиња која неодамна уништи и значителен дел од древните споменици во сирискиот антички град Палмира кој што е заштитен од УНЕСКО.

Џихадистите на Исламската држава до сега уништија бројни ирачки и сириски споменици, споменици кои што припаѓаат на древната човекова цивилизација.

Откако започнаа да го шират својот „Калифат“ пред неколку години, тие рушеа буквално се што ќе им се најдеше на патот. Нивни примарни мети секако беа христијанските објекти, цркви и културни споменици, а неодамна дури собираа христијански книги и ги палеа.