Доналд Трамп: Републиканската партија не сака да победам

Водечкиот републикански претендент за претседателските избори во САД, милијардерот Доналд Трамп изјави во Њујорк дека раководството на Републиканската партија не сака тој да освои номинацијата на партијата.

Трамп смета дека целиот партиски механизам е направен за да дејствува против него, па го обвини републиканското водство дека „кова заговор“ за негово елиминирање од изборниот процес.

Оваа остра реакција на Трамп доаѓа откако на неговиот директен противник во трката за номинација, сенаторот од Тексас, Тед Круз му беа доделени сите делегати од сојузната држава Колорадо, без да се одржи партиско гласање.