(ВИДЕО) Сепак постои, пронајдена змија со две глави

Доколку мислите дека змии со две глави не постојат и дека се само дел од приказните кои сте ги слушале, сепак не сте во право. верувале или не во САД, поточно во Канзас во дивина е пронајдена змија со две глави и тоа сосема случајно.

Џејсон Телбот случајно наишол на ова суштество, кога една од двете глави била поагресивна и се обидела да го нападне.

Како што вели тој, целата сцена била  урнебесна бидејќи змијата не можела убаво да загризе бидејќи нејзиниот брат близнак почнал да се движи на спротивната страна. Во дивината наидувал на различни животни, но вакво нешто прв пат гледа.