Видео: Насилник претепа просјак, но на крајот беше нокаутиран

Тепачката на Кнез Михајлова улица во Белград од пред неколку дена е снимена со камера, а денес е објавена на YouTube.

На снимката просјак се обидува од набилдан насилник да извади некој динар, но насилникот го фаќа за рака и почнува да го тепа.

Следувале удари од кои просјакот паѓа на земја, а потоа насилникот го шутира, но иако е просјак сепак човекот има достоинство, па просјакот станува и го нокаутира набилданиот насилник.