Си-Ен-Ен за Албанија: Таа е единствената муслиманска држава која ја обожава Америка?

Американците пишуваат за Албанија како за „одличен показател дека во земја во која мнозинството е муслиманско, исламот и христијанството можат да живеат заедно“. Освен тоа, пишува и дека Албанија е една од „најголемите проамерикански земји во светот“.

Во денешно време, кога исламските терористи ги убиваат христијаните во Брисел и во Париз, ги разнесуваат со бомби мајките и децата кои слават Велигден во Пакистан, кога американските претседателски кандидати повикуваат да им се забрани влез на муслиманите во САД, постои едно место кои нуди надеж.“ Вака започнува текстот на Си-Ен-Ен за Албанија, пренесува Блиц.

Новинарката на Си-Ен-Ен пишува дека ако прашате некого во Тирана што мисли за САД, тој ќе има само добри зборови, ќе искаже восхит и почит.

Сепак, текстот не е ода за Албанија колку што е критика за политиката на Доналд Трамп. Си-Ен-Ен пишува за реакциите на Албанците кога ќе се спомене контроверзниот републиканец кој не ги крие своите антимуслимански ставови.

„Луѓето одмавнуваат со глава, некои се смеат. Главно, реакциите се негативни“, пишува Си-Ен-Ен и го пренесува мислењето на Аурора Ќиќа, биолог од Тирана.

„Делува како лудак. Овде во Албанија сите живееме заедно и не обрнуваме внимание на религиските разлики. Америка ја гледаме како симбол на демократијата и еднаквоста. Ако Трамп стане претседател, тој симбол ќе биде уништен , вели Ќиќа.

Никој во Албанија и не знае кој е Тед Круз, ултрадесичарскиот противник на Трамп. Но, затоа, ако се спомене Хилари Клинтон, Албанците реагираат речиси оргазмично. Тие не ја заборавиле улогата на нејзиниот сопруг во отцепувањето на Косово и Метохија, односно, како што коментира Си-Ен-Ен, во „победата на слободата и спречувањето на геноцидот над Албанците“. Во прилогот новинарката го цитира и Еди Рама, тогаш градоначалник на Тирана, а денес премиер, кој по отцепувањето на Косово изјави: „Албанија е најамериканската земја на светот по Америка“.

Албанците се во љубов со Америка уште од Париската мировна конференција во 1919 г. кога претседателот Вилсон ќе се заложи за Албанија. Затоа и во Тирана има голема статуа на Вилсон на плоштадот кој го носи неговото име.

Си-Ен-Ен не пропушта да ги спомене „значително малиот број Албанци кои ѝ се придружиле на ИД во споредба со муслиманите кои заминале од западноевропските земји“.